Македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева пред повеќе од една недела најави дека ќе ги почести обожавателите со нова песна.
Каролина вчера и официјално ја објави новата песна на својата фејсбук-профил. Песната се вика „Идила“ и е прва од единаесетте песни – преработки што ќе се најдат на новиот албум, кој ќе биде достапен наесен.
Како што и претходно најавија од „Авалон продукција“, вчера се случи премиерата на првата песна од новиот проект на Каролина Гочева со Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски.