КАРЛОС САНТАНА СЕ СТРУПОЛИЛ НА СЦЕНА Додека го изнесувале ѝ мафтал на публиката

Исцрпеност од горештина и дехидрација – причина за падот на сцена на познатиот латиноамерикански музичар Карлос Сантана

180

Познатиот латиноамерикански музичар Карлос Сантана се онесвестил за време на настап во Кларкстон, САД.

На интернет се појавија и снимки каде што се гледа како медицинскиот персонал му помага на Сантана. Додека го пренесувале во болница, музичарот ѝ мафнал на публиката, што секако, предизвикало надеж и олеснување.






Американските медиуми пренесуваат дека легендарниот 74-годишен гитарист заздравува.

Менаџерот на Сантана, Мајкл Врионис даде изјава:

– Му се слоши поради исцрпеност од горештините и дехидратација. Тој е згрижен во блиската болница и се чувствува добро – додаде Мајкл.

Неговиот настап вечерва во Пенсилванија е откажан. Неговиот менаџер изјави дека Сантана ја одржува својата турнејата под наслов „Чудесно натприродно“.

Поврзани содржини