🎥 КАРЛЕУША КРВАВА ЈА ИЗНЕЛЕ ОД КОНЦЕРТОТ ВО СКОПЈЕ „Ми се врежа во челото, еден костим ми експлодираше“

Српската пејачка Јелена Карлеуша го одржа првиот долгоочекуван концерт во рамките на нејзината нова музичка турнеја „Алфа и омега“ во преполната арена „Јане Сандански“ во Скопје.

4,330

Српската пејачка Јелена Карлеуша го одржа првиот долгоочекуван концерт во рамките на нејзината нова музичка турнеја „Алфа и омега“ во преполната арена „Јане Сандански“ во Скопје. Обожавателите на нејзината музика се собраа од цела Македонија, но и од регионот, за да бидат сведоци на сензационалниот настап на една од најголемите ѕвезди на Балканот, пишува српска „Република“.

Сепак, во текот на концертот не поминало сè како што било планирано. Имено, на крајот на вечерта, Јелена се здобила со повреда на главата, па, како што вели, нејзиниот тим морал да ја изнесе надвор од салата.






– Видов дека еден костим ми експлодира! Чувствував дека нешто пукна врз мене, но го игнорирав тоа и се молев никој да не го забележи тоа. Всушност, сè се гледа и сето тоа се случува, тоа е шоу во живо. Пукаат костими, високи потпетици, чорапи… Бев толку изморена по концертот, што буквално ме изнесоа надвор. Имавме проблем со шлемот, кој се врежува во челото, но тука не е само во прашање кацигата. Во еден дел од концертот носам претежок дел од костимот, поради кој денеска сум цела во модринки околу вратот и по рамената. Секогаш полудувам затоа што по секој концерт од себе правам инвалид! Тој шлем што го носев целосно ми ја раскрвави главата, целата бев крвава… Па, и тие кристали, сето тоа е многу остро и ме сече, но всушност имам сурова самоконтрола и концентрација да го игнорирам сето тоа и да се посветам на публиката – открила Карлеуша за „Република“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

Поврзани содржини