КАРЛЕУША ГО ПРОСЛАВИ РОДЕНДЕНОТ ВО КРЕАЦИЈА НА МАКЕДОНСКИ ДИЗАЈНЕР Уникатен фустан за пејачката (ФОТО)
Познатата пејачка со задоволство ги носи креациите на македонскиот дизајнер Златко Јовановски.
Српската пејачка Јелена Карлеуша на 17 август го прослави 44-иот роденден. Карлеуша со своите ќерки Атина и Ника отпатува за Дубаи каде уживаат во продолженото славење на роденденот.
Претходно, пејачката имаше фотосесија по повод роденденот, за чии потреби ја облече креацијата на македонскиот дизајнер Златко Јовановски.
View this post on Instagram
Фустанот е уникатен, и одлично и прилега на Карлеуша.
Ова не е првпат познатата пејачка да носи креација од Јовановски. Карлеуша носеше негова креација и за потребите на снимањето за српскиот магазин „Хелоу“.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм