КАРИМ ЕДНОСТАВНО МОРАШЕ ДА ЗАМИНЕ Менаџерот на Бензема објави видео со кое предизвика бура во Франција (ВИДЕО)
Бензема можеше да биде подготвен уште од осминафиналето за да биде барем на клупата. Зошто толку брзо баравте да си замине?“ - напишал Џазири покрај видеото кое предизвика лавина од коментари во Франција.
Во Франција не се смирува ситуацијата по Светското првенство во Катар и изгубеното финале од Аргентина по пеналите.
Најмногу се зборува за отсуството на Карим Бензема во самата завршница, иако сè почести се приказните дека освојувачот на Златна топка бил потполно подготвен да заигра за „триколорите“.
Дури се огласи и неговиот менаџер Карим Џазири кој објави видео од неговата повреда и анализа од тројца лекари кои потврдиле дека Бензема можел да игра.
Но, поради одлуката на селекторот Дидие Дешамп, тоа не се случи, па Бензема не се ни најде во Катар иако до самиот крај останал на списокот на пријавени играчи.
– Ова го објавив, но прво се консултирав со тројца специјалисти кои ја потврдија дијагнозата – Бензема можеше да биде подготвен уште од осминафиналето за да биде барем на клупата. Зошто толку брзо баравте да си замине?“ – напишал Џазири покрај видеото кое предизвика лавина од коментари во Франција.
Je pose ça là mais avant ça j’ai consulté 3 spécialistes qui confirment le diagnostic que @Benzema aurait pu être apte à partir des 1/8 éme pour au moins être sur le banc ! Pourquoi lui avoir demandé de partir si vite ? pic.twitter.com/wtOHhDeDVW
— Karim Djaziri (@KDjaziri) December 26, 2022
Докторот на „триколорите“, Франк Ле Гал, раскажа како изгледало заминувањето на напаѓачот на Реал од таборот.
Имено, ноќта кога се повредил Дешамп и Ле Гал отишле во собата на Бензема, а докторот добил задача да му ја пренесе порака на напаѓачот.
– Жал ми е Карим, но мораш да одиш – била репликата што ја кажа Ле Гал, а Дешамп само гледал и не се противел.
Бензема не сакал да прави сцена, ги спакувал куферите и тивко го напушти кампот и сѐ упати кон Мадрид, но најлошото за него дојде неколку дена подоцна.
Имено, Ле Гал стапил во контакт со одличниот напаѓач и му рекол дека пораката која ја добил во хотелската соба не е ништо друго туку наредба на Дешамп да ја напушти репрезентацијата.