КАРИЛ РАБОТИ НОРМАЛНО, СЕ САНИРА ПОПЛАВАТА Трајановски вели дека седум респиратори биле превентивно исклучени

Ниту еден пациент од КАРИЛ не е префрлен во друга установа, а и во други болници има единици за интензивна нега. Според Трајановски, моментално се работи на санација на поплавениот дел.

290

Превентивно од напојување биле исклучени седум респиратори, а моментално има 14 респиратори и КАРИЛ функционира нормално со намален капацитет. Ниту еден пациент од КАРИЛ не е префрлен во друга установа, а и во други болници има единици за интензивна нега.

Вака вели доктор Трајановски за Канал 5, според кого моментално се работи на санација на поплавениот дел.






Претходно министерот за здравство Беким Сали за Канал 5 рече дека се поплавени магацински простории на КАРИЛ, а поради безбедносни причини не се примаат нови пациенти и се препраќаат во други болници.

Плусинфо веќе објави за поплавата и за одлуката на министерот.

Поврзани содржини