КАРДИНАЛОТ АНТИВАКСЕР ЗАВРШИ НА ИНТЕНЗИВНА НЕГА Папата вели тоа е иронија на животот
Дури и меѓу кардиналите има и оние кои ги негираат вакцините. Еден од нив, заврши во болница поради вирусот. Тоа е една иронија на животот - рече папата Франциск.
Папата Франциск им се обрати на новинарите пред летот од Словачка за Италија и ја коментираше одбивноста кон вакцините, која исто така постои во врвот на Католичката црква.
Тој рече дека не може да објасни зошто некои кардинали се скептични за вакцината против ковид-19.
Човештвото има историја на пријателство со вакцините
– Ова е невообичаено со оглед на тоа што човештвото има историја на пријателство со вакцините -рече Папата, кој и самиот е вакциниран против ковид.
Тој рече дека еден кардинал кој не бил вакциниран завршил на интензивна нега откако се заразил со коронавирусот. Тој не го именуваше, но алудираше на американскиот кардинал Рејмонд Бурк, познат по своите ставови против вакцинацијата.
Бурк, пред да заврши на интензивна нега, рече дека вакцините се развиени „користејќи абортирани фетуси“ и дека кога се вакцинираат, „еден вид микрочип се става под кожата со кој државата ве контролира“.
– Дури и меѓу кардиналите има и оние кои ги негираат вакцините. Еден од нив, заврши во болница поради вирусот. Тоа е една иронија на животот – рече папата Франциск.
Тој додаде дека речиси сите во Ватикан се вакцинирани и сега „размислуваат како да им помогнат“ на оние кои остануваат скептични во врска со вакцината.
– Како деца, сите бевме вакцинирани против детска парализа и мали сипаници и тогаш никој не се противеше – додаде папата.