Кардиф и уште два велшки градови во карантин

Министерот за здравство на Велс, Фон Гетинг најави дека мерките за Свонси и Кардиф ќе стапат на сила в недела навечер, а за градот Леланели в сабота.

288

Владата на Велс денеска објави дека ќе бидат воведени рестриктивни мерки за карантин на локално ниво за главниот град Кардиф, како и за вториот по големина град Свонси и за градот Ланели, со цел да се спречи зголемувањето на бројот на заразени со новиот коронавирус.

Министерот за здравство на Велс, Фон Гетинг најави дека мерките за Свонси и Кардиф ќе стапат на сила в недела навечер, а за градот Леланели в сабота. Тој објасни дека рестриктивните мерки значат дека граѓани нема да можат да влезат или да ги напуштат тие области без оправдана причина.






Исто така, како што наведе, тие нема да можат да се сретнат во затворено со луѓе со кои не живеат.

Гетинг додаде дека и други области исто така ќе бидат следени за да се утврди дали треба да се преземат активности.

Поврзани содржини