Карди Би се разведува поради неверствата на сопругот, денеска покрена судска постапка
Скандалозната музичка sвезда Карди Би (27) одлучила да се разведе од сопругот Офсет (28), по три години брак.
Таа дознала дека повторно ја изневерувал, откако првиот пат одлучила да премине преку неговите неверства.
Карди покрена судска постапка денеска, со желба да се разведе од сопругот, а нивното прво рочиште е закажано за 4 ноември, пренесува „Пипл“.
– Секако дека не е во ред мажот да ја изневерува жената, но сакам да ни дадам втора шанса. Ќе се обидам да ги средам односите, ако тоа е можно – рече пејачката пред две години, кога јавноста дозна за првото неверство, додека сега, очигледно, нивната романса е завршена.