Карди Би на најшокантен начин објави дека е бремена по вторпат (ФОТО)

1,809

Светски познатата раперка Карди Би со настапот на доделувањето на наградите БЕТ откри дека е бремена. Приклучувајќи ѝ се на групата „Мигос“ на сцената, чија член е и нејзиниот сопруг Офсет, таа го покажа својот стомак носејќи комплет со светки и специјален изрез на стомакот.

Објавата за бременоста била внимателно осмислена. Во исто време кога таа излегла на сцената во костимот со исечен дел за труднички стомак, пристигнало соопштение за јавноста. Исто така, на социјалните мрежи била објавена фотографија на која таа позира гола, покриена со некаква боја која го истакнува нејзиниот заоблен стомак.






Паралелно со настапот на церемонијата на доделувањето на наградите, во соопштението е нагласено:

„Излегувајќи на сцената во адаптирано парче облека на „Долче и Габана“, Карди го покажа трудничкиот стомак кога ја објави оваа прекрасна вест со нејзиниот сопруг.“

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cardi B News ♡ (@cardibnews)

Иако објавата сигурно изненади, погледот на нејзиниот настап со Меган Ти Сталион на доделувањето на наградите „Греми“ вомарт, открива дека и тогаш таа можеби покажала малку поголем стомак. Меѓутоа, тоа не беше лесно да се забележи со оглед на нејзиниот целокупен настап и танцовите потези.

Карди практично била пионер во откривањето на бременостите на големите телевизиски настани. Со сличен потег во 2018 година, таа ја најави својата прва бременост во емисијата „Сабота вечер во живо“.

Објавата за бременоста ги изненади и гледачите и водителите на шоуто, а актерката Тараџи П. Хенсон, која се најде во улогата на водител, во продолжението на емисијата изјави:

„Во ред, да се вратиме на Карди Би и Офсет, кои ни даваат живот – буквално!“

Карди освои пет награди на доделувањето: две за најдобар женски хип-хоп изведувач, за најдобра соработка, специјална награда од гледачите и две награди за видео на годината.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cardi B (@iamcardib)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини