КАРДАШИЈАНКИ, ПОДАЛЕКУ ОД ДЕЧКО МИ! Кајли исплашена сестрите да не ѝ го преземат Тимоти
Кајли не сака нејзините сестри да откриваат срамни приказни за неа, како што правела Клои, пред Тимоти Шаламе.
Не е лесно да се биде во врска со харизматична славна личност како француско-американскиот глумец Тимоти Шаламе. Така, Кајли Џенер почна да го чувствува тој товар, па претпочита нејзините сестри да се држат подалеку од него, пишува „Венити фер“ (Vanity Fair), повикувајќи се на неименувани извори.
Згора на тоа, и други наводи неодамна истакнаа дека Кајли станала „љубоморна“ и „несигурна“, плашејќи се дека „некој може да ѝ го грабне“ дечкото. „Рејдар-онлајн“ (RadarOnline) пренесува слични наводи – дека Кајли не им верува на постарите сестри и покрај тоа што ги сака. Порталот „Аксес“ го посочува и флертувањето на Кендал и Ким Џенер со Шаламе на забавата на „Оскарите“.
ТВ-ѕвездата, наводно, е решена да го задржи Шаламе за себе, и верува дека неговиот шарм ќе исчезне ако нејзините сестри се почесто околу него.
Освен тоа, Кајли не сака нејзините сестри да откриваат срамни приказни за неа, како што правела Клои, пред Тимоти Шаламе.
Што се однесува до Кендал Џенер, според неименуваниот очевидец, таа е „исто толку лоша“ поради своите склоности „да ги прегрнува и гушка сите во собата“, вклучително и момчињата на нејзините сестри. Кајли, според наводите, нема да толерира ништо од тоа, оти „смета дека го има вистинскиот улов, кој е само нејзин“.