КАРДАШИЈАН ОД ЧЕТВРТИ ПАТ ГО ПОЛОЖИ ПРИЕМНИОТ ИСПИТ Старлетата ќе станува адвокатка (ФОТО)

Таа го положи испитот за право во прва година за студенти по право што е потребен за идните адвокати во Калифорнија кои не посетуваат акредитирани високообразовни институции.

2,997

Старлетата Ким Кардашијан е чекор поблиску да стане полноправна адвокатка откако конечно го положи државниот испит.

Таа го положи испитот за право во прва година за студенти по право што е потребен за идните адвокати во Калифорнија кои не посетуваат акредитирани високообразовни институции, а нејзината крајна цел е да се фокусира на реформите во кривичното право.






41-годишната ријалити ѕвезда падна на три познати тешки испити по право, еднаш и минатата година, кога била позитивна на ковид-19 и кога имала висока температура.

Меѓутоа, во понеделникот гордо објави дека одлично поминала и дека се приближила до исполнувањето на сонот да стане адвокатка за кривично право.

Во објава на Инстаграм Ким напишала дека го положила испитот.

„Гледајќи се во огледало, навистина сум горда на жената која денес се гледа наназад во одразот. За секој кој не го знае мојот пат на правниот факултет, знајте дека ова не беше лесно, ниту ми е подарено“, напишала Ким.

„Го паднав овој испит три пати во две години, но секој пат се враќав и учев повеќе и се обидував повторно додека конечно не успеав. Имав ковид-19 за мојот трет обид, но не барам изговори“.

Старлетата објасни дека „врвните адвокати“ ја предупредиле дека државниот испит бил „блиску до невозможниот пат и потежок од традиционалниот правен пат, но дека тоа е (нејзината) единствена опција“.

Ким Кардашијан изјавила дека нејзиниот покоен татко Роберт Кардашијан, познат адвокат, би се гордеел со неа.

Иако еднаш го посетувала колеџот Пирс во Лос Анџелес, таа никогаш не дипломирала. Но, Калифорнија им нуди на студентите можност да полагаат „бејби бар“, испит за право во прва година, без да мора да стажираат кај адвокат или судија.

Целодневниот тест се полага онлајн во јуни или октомври и е задолжителен за секој што сака да студира право на неакредитирана високообразовна институција која нема акредитација за образование.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини