Карантинска забава „Се собравме за вас“ во Зелената градина на ГТЦ

Настанот ќе може да се следи во живо на Јутјуб каналот на Сити Радио или директно на радиото фреквенцијата 94,7 ФМ.

664

Во Зелената градина на Градскиот трговски центар во Скопје, во организација на Сити Радио, вечерва од 20 до 23 часот ќе се одржи „карантинска забава“ под мотото „Се собравме за вас“, во чии рамки неколку диџеи ќе пуштаат музика.

– Диџеј Гардиан, диџеј Фичо, диџеј Мац, диџеј Боби, диџеј Фици, сите собрани во Зелената градина, на покривот од ГТЦ, со различни битови и стилови на музика ќе приредат неверојатна забава за љубителите на убавата музика, забавата и танцувањето – соопштi Сити Радио.






Настанот ќе може да се следи во живо на Јутјуб каналот на Сити Радио или директно на радиото фреквенцијата 94,7 ФМ.

Целта на оваа идеја, според организаторите, е тие да бидат снимени и заедно со диџеите да бидат вклучени во настанот што ќе се пренесува во живо.

Покровители на настанот се Градскиот трговски центар Скопје, 3Д Проект студио и агенцијата за маркетинг и односи со јавност Идеа Лаб.

– Карантинот не смее да ни ја одземе забавата, ова е време кога домовите ги претвораме и во ноќни клубови. Нека игра цела фамилија! – порачуваат од Сити Радио.

Поврзани содржини