КАРАНТИНОТ СЕ ВРАЌА ВО ХОЛАНДИЈА Мерките ќе траат најмалку три недели

Школите засега остануваат отворени. Бројот на заразени во земјата значително се зголеми откако на крајот на септември беше укината мерката за социјална дистанца.

633

Холандија е првата земја во Западна Европа што го враќа делумниот карантин со цел да го спречи ширењето на коронавирусот. Баровите, рестораните и несуштинските продавници ќе работат до 19 часот, спортските натпревари ќе се играат на празни трибини, луѓето се советуваат да работат од дома што е можно повеќе.

Мерките ќе стартуваат од утре и ќе траат најмалку три недели. Школите засега остануваат отворени. Бројот на заразени во земјата значително се зголеми откако на крајот на септември беше укината мерката за социјална дистанца.






Од понеделник нови мерки ќе има и Германија, каде што ковид инфекциите бележат рекордни цифри. Ограничувањата се однесуваат за невакцинираните граѓани, односно нема да можат да одат во ресторани, барови, хотели,кина, театри, спортски сали и фризерски салони.

Такви мерки веќе неколку дена се применуваат и во Австрија а Канцеларот најави дека се можни уште построги мерки за невакцинриани граѓани.

Поврзани содржини