Легендарниот музичар сер Пол Макартни ќе го издаде албумот „McCartney III“ на 11 декември, со нова колекција песни напишани, oтсвирени и продуцирани од поранешниот член на „Битлси“, половина век по неговиот прв самостоен албум.
Албумот е снимен во Сасекс на југот од Англија, а како и другите два албума со слично име, „McCartney“ од 1970. и „McCartney II“ од 1980 година, 78-годишниот музичар го направил сам.
– Живеев во карантин на мојата фарма со семејството и секој ден одев во студио. Морав да работам и на филмска музика, а тоа се претвори во првата песна. Кога ја завршив, се прашував што да правам понатаму? – изјавил Макартни.
Потоа се вратил на полудовршените скици што ги создавал низ годините.