Каракачанов објави мапа на која Врање и Ниш се дел од Бугарија ФОТО
„Новости“ уште истакнува дека каракачанов е добро познат по ваквите шовинистички испади. Минатиот месец Србите ги нарече „окупатори“ на Македонија и се побуни поради наводното јакнење на српското културно влијание во Северна Македонија.
Под наслов „Бугарите сакаат да окупираат делови на Србија: Вицепремиерот Каракачанов објави скандалозна мапа – полага право на Врање и Ниш, српскиот весник „Новости“ известува за осмомартовската честитка на бугарскиот вицепремиер.
„Со скандалозната честитка за 8 Март, вицепремиерот на Бугарија Красимир Каракачанов предизвика гнев во регионот, и уште еднаш ги покажа иредентистичките тенденции на партијата на која и припаѓа, ВМРО-БНД. На позадината на честитката што ја објави во име на неговата партија ВМРО-БНД, покрај стилизираната фигура на жена со дете и зборовите „традиција, семејство, вредности“, јасно се гледа и мапата на Голема Бугарија“, посочува весникот, наведувајќи дека според таа мапа во рамки на Бугарија се цела Северна Македонија, делови од Грција и српски градови како Ниш и Врање.
„Овој концепт датира од 19 век и се предвидуваше дека овие територии ќе бидат окупирани од независна Бугарија. Сепак, тие граници останаа само неостварен сон на Софија, освен кратките периоди од Првата и Втората светска војна, кога беа извршени злосторства на окупираните територии, чија крајна цел беше бугаризирање на населението“, наведува весникот.
„Новости“ уште истакнува дека каракачанов е добро познат по ваквите шовинистички испади. Минатиот месец Србите ги нарече „окупатори“ на Македонија и се побуни поради наводното јакнење на српското културно влијание во Северна Македонија.