Каракачанов лут на Заев и Мицкоски: Против ковид ви испративме вакцина, но против стокхолмски синдром нема измислено вакцина

3,065

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов ги искара премиерот Зоран Заев и опозицискиот лидер Христијан Мицкоски за честитката до Србија за празникот Свети Сава. Тој е гневен од најавата за враќање на српскиот јазик во училиштата и за отворање на Српски културен центар во Скопје.  Каракачанов ги обвини „пријателот“ Заев и „колегата“ Мицкоски, како што ги нарече, дека работат за засилување на српското влијание во Македонија.

– Против ковид ви испративме вакцина, но против стокхолмски синдром нема измислено вакцина, ниту, пак, лек – изјави Каракачанов, наспроти фактот дека досега од Бугарија во Македонија не е влезена ниту една вакцина против ковид-19, и покрај ветувањето од Владата во Софија и однапред изразената благодарност од таа во Скопје.






Тој во објава на Фејсбук пишува:

– Кој рече дека политичката елита на Република Северна Македонија нема консензус за која било тема? Премиерот Зоран Заев, заедно со лидерот на опозициската ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и го честитаа на српската заедница во нивната земја српскиот празник – Денот на Свети Сава и дури Заев најави дека ќе се гради српски културен центар во центарот на Скопје и најави враќање на наставните програми за српски јазик и култура во училиште укинати за времето на Груевски. За да не остане поназад  ’вмровецот‘ Мицкоски се пофали дека токму неговата партија го вовела овој српски празник пред години… Да се смее човек или да плаче“.

 

Поврзани содржини