КАРАКАЧАНОВ ИМА ВНУК, ЌЕ СЕ ВИКА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ „Нека знаат скопските манипулатори чиј е војводата!“
„Красимир Каракачанов по втор пат стана дедо. Малиот јунак е второ внуче на претседателот на ВМРО од ќерка му Деница и зет му Никола“, објавено е вчера на Фејсбук профилот на бугарската ВМРО-БНД.
Лидерот на бугарската крајнодесничарска партија ВМРО-БНД, Красимир Каракачанов, на социјалните мрежи објави дека по вторпат станал дедо „на мал јунак со легендарно историско име – Георги Делчев Николов“.
„Красимир Каракачанов по втор пат стана дедо. Малиот јунак е второ внуче на претседателот на ВМРО од ќерка му Деница и зет му Никола“, објавено е вчера на Фејсбук профилот на бугарската ВМРО-БНД.
Како што се вели во објавата, внукот на Каракачанов ќе го носи „легендарното историско име Георги Николов Делчев“.
„Тоа се и трите имиња на војводата Георги (Гоце) Делчев. Досега треба да е јасно и за скопските манипулатори чиј е Гоце Делчев“, додаваат од ВМРО-БНД, пожелувајќи му здравје, сила и храброст на новородениот внук на претседателот на партијата.