Каракачанов: Бугарската блокада на С. Македонија за ЕУ ќе ги разбуди македонските политичари од југословенскиот сон

Бугарскиот вицепремиер праша за 30 години што направи Бугарија за Македонија, а што направи Македонија за Бугарија.

1,628

Бугарскиот министер за одбрана и вицепремиер, Красимир Каракачанов  смета дека ќе биде добро доколку Бугарија ја блокира С. Македонија на патот кон ЕУ.

– Тоа ќе биде добро затоа што некои политичари во Македонија ќе ги натера да се разбудат од длабокиот југословенски сон и да разберат дека не може со полувистини и празни ветувања, кои немаш намера да ги реализираш, да влезеш во ЕУ. Тогаш можеби сите тие политичари, кои општо земено, ништо не направија во овие 3 години, ќе направат нешто корисно за сопствената држава – вели за ТВ Сител,  Каракачанов .






Тој додава дека Македонците треба да разберат дека меѓудржавните односи треба да бидат чесни и треба да се двострани.

– Ако скаате, пак,  можам да се вратам 30 години назад и да видиме што направи Бугарија за Македонија, а што направи Македонија за Бугарија во изминатите 30 години? – рече Каракачанов.

 

Поврзани содржини