КАРАБАТИЌ ВО ПОСЛЕДНА МИНУТА Ѝ ДОНЕСЕ ПОЛУФИНАЛЕ НА ФРАНЦИЈА В четврток ќе се пресметаат Хрватите и Французите

Во последната минута Французите постигнаа гола за водство 33:32, африканскиот шампион изедначи на три-четири секунди пред крајот. Следуваше брз центар и гол на Карабатиќ на 0,3 секунди пред звукот на сирената за конечна победа и пласман помеѓу четирите најдобри.

752

Со голот на Лука Карабатиќ постигнат пред самиот звук на сирената, репрезентацијата на Франција го победи Египет со 34:33 вечерва во второто полуфинале на Светското ракометно првенство.

Првото полувреме во „Арена Загреб“ помина во изедначена игра сè до самиот финиш кога Франција направи предност од четири гола (18:14). На почетокот на вториот дел фаворитот во два наврата имаше и плус пет, но Египет не се предаваше и постепено се приближуваше за во финишот да се влезе со резултатска рамнотежа.






Во последната минута Французите постигнаа гола за водство 33:32, африканскиот шампион изедначи на три-четири секунди пред крајот. Следуваше брз центар и гол на Карабатиќ на 0,3 секунди пред звукот на сирената за конечна победа и пласман помеѓу четирите најдобри.

Во полуфиналето в четврток Франција ќе игра со Хрватска.

Поврзани содржини