Караџовски: Врвот на заразата се очекува во следните две до три недели

Во досегашното менаџирање на спроведувањето на тестирањето, како што кажа тој, сме едни од најдобро екипираните и организирани во моементов, затоа што по бројот на направени тестови сме втора земја. Пред нас е Словенија, рече Караџовски.

8,197

Претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски, на денешниот онлајн-брифинг со новинарите посочи дека консензусот на целата комисија е на многу високо ниво и нема драстични разлики, а решенијата се носат на дневна основа.

Во досегашното менаџирање на спроведувањето на тестирањето, како што кажа тој, сме едни од најдобро екипираните и организирани во моементов, затоа што по бројот на направени тестови сме втора земја. Пред нас е Словенија. Навлезени сме во золемен број заболени лица, а врвот се очекува во следните две до три недели.






Комисијата за заразни болести, рече, има и други мерки на располагање, кои доколку ситуацијата отиде во полоша состојба и додаде дека се подготвени да предложат и други мерки што ќе значат зголемување на рестриктивноста. Додаде дека не се исцрпени меките што им стојат на распоалгање.

Директорката на Инфективната клиника Милена Стевановиќ истакна дека кај нив се хоспитализирани 74 лица  и дека се приближуваат до пополнување на капацитетите. Мобилната болница, додаде таа, ќе ни помогне во дополнување на потребите од хоспитализација и веќе се во функција тимови од колеги интернисти кои ќе бидат од голема помош и тие од утре почнуваат.

Денеска, како што кажа Стевановиќ, се примени нови шест лица од кои еден на жалост почина неколку часа по приемот. Вчера е примено две годишно дете, кое е стабилно.

Поврзани содржини