Караџовски во контрола на Собранието пред враќањето на пратениците во сала „Македонија“

164

Комисијата за заразни болести денеска била во контрола на Собранието за да види дали пленарните седници може да се вратат по старо, односно пратениците да заседаваат во салата „Македонија“, откако претседателот на Парламентот Талат Џафери ја најави таа можност по вакцинирањето на пратениците.

„Денес имав средба со претседателот и претставниците на Комисијата за заразни болести кои што извршија контрола на салите и помошните простории, за да се констатира дали се исполнети сите услови Собранието да почне да ги одржува пленарните седници во Сала Македонија, со почитување на мерките за заштита од ковид -19, согласно новите препораки на Владата, откако службата, пратениците, обезбедувањето и другите секојдневно присутни во Собранието го завршија процесот на имунизација. Со верба дека законодавниот дом ги исполнува препорачаните услови за работа, ќе го очекуваме позитивниот одговор на Комисијата за заразни болести“, напиша Џафери на Фејсбук.

 

Поврзани содржини