Караџовски: Во Комисијата за заразни болести јас само изигрувам Џафери во Собранието
Тој истакна дека тој само му дава совети на министерот за здравство, а дека тој самиот одлучува дали ќе го послуша или не.
Во Комисијата за заразни болести има 20 луѓе, а јас сум само тој којшто изигрува Џафери во Собранието – рече претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски на денешната прес-конференција.
Тој истакна дека тој само му дава совети на министерот за здравство, а дека тој самиот одлучува дали ќе го послуша или не.
– Јас не знам согласно кој критериуми Форбс објавил дека нашата земја е најнебезбедна во поглед на коронакризата. Верувам дека ако тие проценки биле направени на 25 мај, тогаш резултатите ќе беа поинакви – рече Караџовски.