Караџовски: Вирусот не е истиот од ноември, за две недели имаме бум од заразени и хоспитализирани
Меѓутоа, она што постојано го потенцираме е дека здравствените работници се преморени, тие се функционални се уште, но не знаеме до кога, па поради тоа мораме да ги заштитме – вели Караџовски.
На денешната прес конференција доктор Жарко Караџовски истакна дека ни се случува бум од новозаразени од ковид-19, потенцирајќи дека вирусот не е истиот како оној од ноември.
– Вирусот не е оној истот кој беше во ноември. Второ кумулативниот број на хоспитализирани болни и лица што беа позитивни се разликува во однос на ноември. Ако тогаш на Филипче му кажувавме дека 800-1.000 позитивни случаи на дневна основа сме способни да ги изменаџираме, сега состојбата не е баш така. Зошто? Затоа што во последните 3 недели се случува еден бум во делот на бројот на позитивни случаи, односно просечниот број на позитивни се движи меѓу 1.200 и 1.300, сме имале и 1.400 и 1.500, меѓутоа во сабота и недела кога бројките не се релевантни има и по 600 случаи, меѓутоа се акумулираа огромен број на случаи, затоа што во краток период од две-три недели се наполнија болниците – рече Караџовски.
Тој се обиде да објасни епидимиолошки што тоа значи ваквата слика во моментов.
– Ние епидимиолозите имаме неколку зборови кои што ја одразуваат состојбата. Сигурна епидимиолошка состојба е кога нема епидемија, второто е несигурна, третото е кога е неповолна и катастрофална. Во моментот ние сме кон ова второто, третото неповолна бидејќи имаме низ целата држава распространето ширење на вирусот – објасни Караџовски.
Како што потенцираше епидемилогот, не е можно во шест месеци да се создадат нови кадри, затоа што медицинскиот персонал е проблем во моментов.
– Покрај тоа што успешно се менаџираат сите случаи, ниеден пациент не е оставен да страда и да не биде хопитализира или да не му се пружи медицинска нега. Меѓутоа, она што постојано го потенцираме е дека здравствените работници се преморени, тие се функционални се уште, но не знаеме до кога, па поради тоа мораме да ги заштитме – вели Караџовски.