Караџовски: Уште не сме го достигнале максимумот на заболени, круцијална е следната недела

Секој респираторен вирус ја има својата активност шест до осум недели. Во моментот сме на крајот на шестата недела. Круцијална е седмата недела во делот на заболени, хоспитализирани, умрени и болнички кревети, рече Караџовски.

2,519

Круцијална е следната недела во делот на заболени, хоспитализирани, умрени и болнички кревети, изјави вечерва претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски во емисијата „Само интервју“ на телевизија Канал 5.

– Уште не сме го достигнале максимумот. Секој респираторен вирус ја има својата активност шест до осум недели. Во моментот сме на крајот на шестата недела. Круцијална е седмата недела во делот на заболени, хоспитализирани, умрени и болнички кревети – рече Караџовски.






Засега, како што рече Караџовски, проценките на Комисијата за заразни болести се дека нема потреба од воведување на дополнителни рестриктивни мерки бидејќи со нив ништо не би се постигнало. Пример се соседните држави што воведоа карантин, но бројот на заболени не се намали, додаде претседателот на Комисијата за заразни болести.

– Министерот за здравство формира нова Комисија за заразни болести и за надзор на заразните болести. Дел од овие членови заминаа во пензија откако направиле 67 години, дел од нив се заменети од тие институции од каде се дојдени – вели Караџовски.

Караџовски, на прашање на новинарот за пописот, изјави дека тој не одлучува дали ќе има попис или не и објасни дека пред два ипол месеци било побарано од Комисијата за заразни болести да изработи протокол и оти со тоа завршува нивното стручно мислење.

– Во моментов, епидемилошката состојба е комплицирана, но јас не одлучувам дали ќе има попис. Ако јас одлучувам за се, јас би се викал заменик-премиер. Ние сме го дале стручното мислење преку протоколот – рече Караџовски.

Препораките во протоколот се маска, дистанца и негрупирање, а за лицата кои се позитивни, рече дека ќе се попишат кога ќе излезат од изолација.

Поврзани содржини