Караџовски: Не сум убил некого за да чувствувам одговорност!

Не сум направил кривично дело. Мојот став бил секогаш издржан, стручен и епидемиолошки - рече Караџовски.

706

Имаме 95 записници со 240 страници, а имаме и два фолдера од кои можеме да напишеме роман, истакна претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски, на денешната прес-конференција.

На прашањето дали чувствува одговорност поради зголемениот број новозаразени паценти со коронавирусот, тој рече дека не убил никого за да чувствува одговорност.






– Вирусот го има во оние семејства, на оние улици и во оние населби каде што не се одржува социјалната дистанца. И Господ не може да ни помогне ако народот не ги почитува мерките. Комисијата за заразни болести е стручно советодавно тело на Министерството за здравство и не е поврзана со Владата или со друго министерство или со политичка партија. Министерот Филипче може да не нè тангира воопшто, а и главниот Кризен штаб може секоја наша одлука да ја преиначи. За одлуките на Уставниот суд не се коментира, па така и јас ќе речам дека за одлуките на Кризниот штаб и на Владата не се коментира. Ние сме професионалци. Не сум убил некого за да чувствувам одговорност. Не сум направил кривично дело. Мојот став бил секогаш издржан, стручен и епидемиолошки – рече Караџовски.

Тој истакна дека неговата идеологија е епидемиологијата.

– Сега немаме морбили затоа што ги победивме морбилите. Ниту тогаш чувствував одговорност, ниту денеска. Јас работам во интерес на државата. А колку пати сум ручал или сум вечерал, тоа јас си знам. Јас работам за да ѝ помогнам на државата – рече Караџовски.

Поврзани содржини