Караџовски: Не давам влакно да ѝ фали на Комисијата, а јас возам 18 години стар автомобил и немам хациенда

Тој уште еднаш додаде дека нема да дозволи никој да си игра со членовите на комисијата и нивните фамилии.

1,369

Претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Жарко Караџовски потенцираше дека никогаш со неговата фамилија не биле мафијаши, ниту дека се продаваат за ситни пари.

– Во комисијата се професионалци со над 30 години искуство. Кажаа дека имам баслословни пари. Имам автомобил стар 18 години и имам двособен стан, а не хациенда како што се пишуваше, истакна Караџовски.






Тој уште еднаш додаде дека нема да дозволи никој да си игра со членовите на комисијата и нивните фамилии.

– Не дозволувам влакно да и фали на Комисијата, ниту на нашите семејства. Бараат оставка од мене, сакам ова да отиде во медиумите. Викаат дека сум корумпиран, нека дојде некој да ми покаже дали овој господин ми потпишал нешто за да земам повеќе пари. Ние од Комисијата сме чисти како солза- рече видно револтиран д-р Караџовски.

Тој одговори на обвинувањата од опозицијата но и дел од медиумите, упатени на адреса на  членовите на Комисијата за зразни болести.

– Јас сум член на Комисијата од 1994 година, во континуитет 26 години. Без разлика која партија била на власт, внатре членувале исклучиво професионалци од областа. Ако некој од нас бара оставка треба да аргументира зошто ја бара. Ако ни донесат нови членови ние ќе ги примаме – истакна Караџовски.

За идните мерки кое ќе се преземат д-р Караџовски рече дека размислува три чекори пред Владата.

– На хартија имам ставено опција А, Б, Ц, Д. Некогаш кажувам дека имаме црно сценарио. Во моментов предложените мерките е крајно време да се усвојат, имаме состојба слична на полициски час. Не се предаваме сега, имаме време за тоа. Никој од нас не се радува да донесе таква одлука. Ќе се наруши психичкото здравје на луѓето, се ремети социјалниот живот – рече д-р Караџовски.

Поврзани содржини