Караџовски: Македонија е на врвот, во опција се сите мерки, па и целосно затворање на државата
Жарко Караџовски, претседателот на Комисијата за заразни болести во гостување во емисијата Трилинг на 24 вести рече дека се размислува за сите мерки локално, вклучувајќи и целосно затворање на државата.
– Прво да видиме дали новите мерки кои се донесени ќе дадат резултати. Најлесно е да предложиме карантин на целата територија – вели претседателот на Комисијата.
Македонија е на врвот на епидемијата. Македонскиот здравствен систем не е димензиониран да ни се шират повеќе епидемии во исто време, ниту може да одговориме на тоа, рече Караџовски.