Караџовски: Крајно време е мерките кои ги предложи Комисијата да се усвојат

Тој вели дека има кадар, има опрема, има како да се носиме со ситуацијата.

410

Претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Жарко Караџовски на денешната прес конференција крајно време е утре да се усвојат мерките кои Комисијата за заштита од заразни болест.

Тој вели дека има кадар, има опрема, има како да се носиме со ситуацијата.






– Многу лесно е да се прогласи локдаун, но болничкиот систем се уште не колабира – вели Караџовски.

Појасни дека ја следи состојбата во земјите, па Шпанија Франција, Словенија, Франција, воведуваат локдаун.

– Се обидуваме да воведеме рестрикции со кои ќе го одбегнеме полицискиот час – вели Караџовски, затоа што тој полициски час различно делува на луѓето, некои се депресивни, некои исплашени, некои анксиозни.

– Имам еден куп коморбидитети, и зрел сум за пензија до година. Но, немам намера да се откажам од работата сега – вели Караџовски.

Смета дека е заедничка работа борбата со ковид-19. И сите епидемиолози и пет министри да се соберат, нема да се поправи состојбата, ако сите заедно не се потрудиме.

Караџовски посочи дека просечно околу 80 отсто од потврдените случаи се асимптоматски.

Тој истакна дека 12-14 отсто од потврдените случаи на коронавирус се со лесна клиничка слика, односно температура, омалаксаност и слабост.

– 2-4 отсто завршуваат на клиника со воспалителен процес на белите дробови, додека пак 1-4 отсто завршуваат на респираторна машина – посочува Караџовски.

Поврзани содржини