Караџовски: Даваме можност луѓето малку да олабават, но нема да дозволиме народ по 22 часот да се групира на седенки, во паркови
Нема да дозволиме народ по 22 часот да се групира на седенки, у парк, во населено место нема да дозволиме близок контакт на седенки по клупи - рече д-р Караџовски.
Предложивме полицискиот час да е од 22 до 5 часот, за да дадеме можност малку да олабават луѓето, а по којзнае кој пат кажувам – носете маски и држете дистанца! А 20 отсто од граѓаните не веруваат во мерки, ниту дека постои вирусот, мислат дека е измишљотина и завера – одговори д-р Жарко Караџовски, претседател на Комсијата за заразни болести во врска со тоа зошто за полицискиот час е предложено да почне од 22 часот.
Одлука за полициски час се уште нема, а д-р Караџовски додаде:
-Тоа е само предлог за 22 часот, а можеби Владата ќе го тргне, а тој тајминг е даден зашто денот е подолг, се смрачува подоца, а луѓето се до 17, 18 чсот на работа. Па за, да имаат мсжност да испазаруваат за 2- 3 часа. Но, нема да дозволиме народ по 22 часот да се групира на седенки, у парк, во населено место нема да дозволиме близок контакт на седенки по клупи, а дали мерката ќе се почитува во 22 или во 18 часот – битно е да се почитуваат заштитните мерки – појасни д-р Караџовски, кој рече дека како доктор не верува дека со забраната за движење од 22 часот ќе се намали ширењето на вирусот, но нагласи дека целта е да се спречат групирањата навечер и ризикот од пренос на вирусот да биде помал.