КАПИТЕНОТ НА ИНТЕР ГО НАПУШТА БРОДОТ Хандановиќ се сели во друг италијански клуб?
„Калчомеркато“ тврди дека Хандановиќ ќе го напушти Интер, но дека ќе остане во Серија А.
Долгогодишниот капитен на италијанскиот шампион Интер, голманот Самир Хандановиќ, наскоро ќе го напушти клубот, а на негово место ќе пристигне Камерунецот Андре Онана од Ајакс.
Во 2012 година, италијанскиот клуб за Словенецот плати 15 милиони евра.
„Калчомеркато“ тврди дека Хандановиќ ќе го напушти Интер, но дека ќе остане во Серија А.
Интерес за 37-годишниот голман покажале од Лацио. Според овој извор, двете страни наскоро ќе постигнат договор.