Капитенот на Ерменија наместо да направи трансфер, замина во војна!

Интересно е тоа што 28-годишниот Харојан во текот на овие денови требаше да направи трансфер и да го засили грчки АЕЛ Лариса, но барем засега истиот пропадна. 

390

Kапитенот на фудбалската репрезентација на Ерменија, Вараздат Харојан ја остави фудбалската кариера во втор план, со цел да ѝ помогне на својата држава која веќе неколку дена војува со Азербејџан.

Искусниот стопер, фудбалската топка ја замени и пушка и им се стави на располагање на одбранбените власти на Ерменија. Интересно е тоа што 28-годишниот Харојан во текот на овие денови требаше да направи трансфер и да го засили грчки АЕЛ Лариса, но барем засега истиот пропадна.






Неговиот агент испратил писмо до грчкиот клуб во кое пишува дека фудбалерот нема да потпише договор, затоа што ќе служи војска.

Харојан е еден од клучните играчи на репрезентацијата на Ерменија, со која Македонија во ноември треба да се сретне во гости.

 

Поврзани содржини