КАНТИ ЗА ОТПАД ОД МИЛЕНИЦИ СО БЕСПЛАТНИ КЕСИЧКИ Ќе ги поставиме на 200 локации низ цел Центар, најави Герасимовски

Ова е одлично решение. Едноставно, урбано и еколошки одговорно, вели кандидатот за градоначалник на Центар, Горан Герасимовски.

101

Освен новите канти за смет, ќе бидат обезбедени и 200 специјални канти за отпад од домашни миленици кои ќе бидат поставени на територијата на Центар, најави денеска кандидидатот на СДСМ за градоначалник на општината, Горан Герасимовски.

– Воведуваме новина, специјални канти за отпад од домашните миленици, слични на овој модел што како прототип го изработивме во општината. Во нив ќе има и бесплатни кесички за сопствениците. Ова е одлично решение. Едноставно, урбано и еколошки одговорно. Планираме да поставиме 200 вакви канти низ сите населби и парковите, за да обезбедиме чист и уреден јавен простор, каков што доликува на општина каква што е Центар – рече Герасимовски.






Тој најави и дека во следниот мандат се предвидува вакцинација и микрочипирање на уличните кучиња и на домашните миленици,.

Поврзани содржини