КАНДИДАТОТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА СКОПЈЕ ЌЕ БИДЕ ПОЗНАТ ВО ЈУЛИ Уште 8 кандидати за градоначалници објави ВМРО-ДПМНЕ

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски е определен за претседател на Републичкиот изборен штаб на партијата за локалните избори. Тој ќе ги води кампањите на партијата за претстојните избори на есен.

2,078

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска утврди уште осум кандидати за градоначалници за претстојните локални избори.

Жарко Ристески, кандидат за градоначалник за Македонски Брод






Драганчо Саботковски, кандидат за градоначалник за Могила

Тони Тоневски, кандидат за градоначалник за Пробиштип

Марјан Пеев, кандидат за градоначалник за Богданци

Наталија Димитриева, кандидат за градоначалник за Демир Капија

Ѓорѓи Крстевски, кандидат за градоначалник за Росоман

Стевче Стевановски, кандидат за градоначалник за Новаци

Златко Силјановски, кандидат за градоначалник за Дебарца

Одлуката за кандидат за градоначалник на Град Скопје, партијата ќе ја соопшти кон средината на идниот месец.

– Централниот штаб ќе биде на располагање заедно со еден тим кој што ќе биде формиран за локалните избори, да им помогне за одредени проекти, кој што се од поголемо капитално значење за Македонски Брод, Могила, Новаци, Пробиштип, Богданци, Демир Капија, Росоман и Дебарца. Цениме дека со овие 8 вечерва објавени кандидати за градоначалници и претходните 25, ВМРО-ДПМНЕ со самодоверба чекори кон локалните избори бидејќи сме единствената партија која што во моментов има обзнането имиња на 33 кандидати за градоначалници за кои што сметаме дека се на добар пат и да ја добијат довербата на граѓаните.

Оние кои што се актуелни градоначалници сметаме дека со досегашната работа, ќе имаат добар кредит да ја добијат и понатамошната доверба, а оние кои што добиваат шанса за прв пат, искуството кое што го имале претходно во своите општини и поддршката која што ќе ја имаат од своите колеги, и од нас како поголема политичка партија, цениме дека ќе им биде ветар во едра за спроведување на добра програма и реализација на добри проекти корисни за нивните општини – изјави вечерва Антонио Милошоски.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски е определен за претседател на Републичкиот изборен штаб на партијата за локалните избори. Тој ќе ги води кампањите на партијата за претстојните избори на есен.

 

Поврзани содржини