КАНДИДАТОТ НА ДУИ ВО АРАЧИНОВО ДОНЕСЕ ОДЛУКА Ако не одам во втор круг ќе го поддржам кандидатот на опозицијата, не на СДСМ

2,985

Во меѓусебното соочување во ТВ21 на кандидатите за градоначалници на ДУИ и опозициската коалиција, Алијанса-Алтернатива, кандидатот на ДУИ Ридван Ибраими вети дека ако не оди во вториот круг, тогаш ќе го подржи кандидатот Наим Синани од редовите на Алијансата за Албанците, а не на Миликије Алими од редовите на СДСМ, партија со која ДУИ има договорена соработка на изборите

Прашан од водителот на емисијата дали ќе го подржи Наим Синани во вториот круг, Ибраими одговори со „сигурно да“, Синани исто така вети дека ако не оди тој во вториот круг, тогаш ќе го подржи кандидатот на ДУИ, Ибраими, објавуваат медиумите.






Инаку во Арачиново во трката за градоначалник учествуваат тројца кандидати: актуелната градоначалничка, Миликије Алими од СДСМ, како и Ридван Ибраими од ДУИ и Наим Синани од коалицијата Алијанса-Алтернатива.

Поврзани содржини