КАНДИДАТОТ БИЛ ЗА ВО ПЕНЗИЈА, АМА ДОБИЛ ШАНСА ДА СЕ ИСТАКНЕ КАКО СЛУЖБЕНИК Кривична пријава против градоначалникот на Делчево 

Со незаконското вработување пријавениот Г.Т. му овозможил на В.М. да се стекне со противправна имотна корист од 505.561 денари на име плата и да нанесе штета на Општина Делчево во износ од 762.318 денари по основ на исплатени придонеси и плата.

1,084

Kривична пријава е поднесена против градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски (54) поради основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Пријавениот Трајковски, на 01.08.2018 по јавен оглас од 25.06.2018 за вработување на административен службеник, ја злоупотребил својата службена положба и овластување со тоа што донел незаконска одлука за избор на кандидатот В.М. од Делчево. Кандидатот В.М. уште во првата фаза од постапката за вработување, како и во моментот на донесување на решението за стекнување на статус на административен службеник ги исполнувал законските услови да се стекне со право на пензиско и инвалидско осигурување со навршени 64 години старост. Таа возраст е основа за престанок на работен однос на административен службеник, а не основа за вработување согласно член 98 став 1 алинеа 3, а во врска со член 98 став 5 алинеја 9 и 10 од Законот за административни службеници.






Со незаконското вработување пријавениот Г.Т. му овозможил на В.М. да се стекне со противправна имотна корист од 505.561 денари на име плата и да нанесе штета на Општина Делчево во износ од 762.318 денари по основ на исплатени придонеси и плата.

Кривичното дело е казниво по член 353 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Поврзани содржини