КАНДИДАТИТЕ ЗА УСТАВНИ СУДИИ ДА ИМ СЕ ПРЕТСТАВАТ НА ПРАТЕНИЦИТЕ За дел од нив не знаеме ништо, вели Милошоски
Еве јас го предложив кандидатот професорот Саво Климовски и тој би сакал да се претстави пред јавноста. На пример, за некој од кандидатите немам прочитано ниедно дело, додека од Климовски сум прочитал. Не знам зошто некои од кандидатите би се криеле зад својата биографија, рече Милошоски.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски предложи кандидатите за уставни судии да имаат можност да се обратат пред Комисијата за избори и именувња, бидејќи дел ѝ се познати на јавноста, но дел не ги познаваат ни меѓу правната фела.
Претседателката на комисијата Марија Георгиевска објасни дека нема деловничка обврска Комисијата да ги повикува на интервју кандидатите за уставни судии и дека треба да почне расправата по предлозите. Според претседателката, сите кандидати за судии се познати кај правната фела.
Милошоски возврати дека предлогот е како добра волја, а не обврска кандидатите да се претстават пред Комисијата и пред јавноста.
– Еве јас го предложив кандидатот професорот Саво Климовски и тој би сакал да се претстави пред јавноста. На пример, за некој од кандидатите немам прочитано ниедно дело, додека од Климовски сум прочитал. Не знам зошто некои од кандидатите би се криеле зад својата биографија – рече Милошоски.
Членовите на Комисијата за избори и именувања не го прифатија предлогот на пратеникот Милошоски.