КАНДИДАТИТЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК ДА ГО ЗАШТИТАТ ВОДНО Планината ја очекува потполна бетонизација!

Заложбите и апелите за носење на севкупна и функционална заштита на Водно на врвни и докажани ескперти од шумарстовто, хидролгоијата, инженерството, просторното планирање, клучни државни институции, видни професори и преку 32 граѓански здруженија, не успеаа да ја спречат одлуката која отвара врата за негово брзо урбанизирање и уништување.

290

Водно е секој ден сè поблиску и поблиску до бетонирање на својата иднина. Ако навистина се искрени во ветувањата за Водно, кандидатите за градоначалник на Скопје треба да покажат дека се спремни и да ги исполнат.

– На само два дена пред молкот за изборот на нов градоначлник, ги повикуваме кандидатите Петре Шилегов и Данела Арсовска не само да се обврзат, туку и да направат чекор повеќе кон Водно како гаранција дека нивните намери за се искрени – велат од здружението „Го сакам Водно“.






Заложбите и апелите за носење на севкупна и функционална заштита на Водно на врвни и докажани ескперти од шумарстовто, хидролгоијата, инженерството, просторното планирање, клучни државни институции, видни професори и преку 32 граѓански здруженија, не успеаа да ја спречат одлуката која отвара врата за негово брзо урбанизирање и уништување.

– Сепак, заедно успеавме да се избориме за мала искра за спас, префрлајќи ја тежината во Градот, но неопходна е итна и брза реакција на оној кој ќе освои трката за градоначалник. Потребата од правилно зонирање на Водно е евидентна, а Градот е единствената инстанца која тоа може да го иницира и спроведе. Затоа и ве прозиваме, Данела и Шилегов, бидејќи само ваша искрена заложба може да биде над оваа Одлука. Ако го сакате Градот, ќе имате можност да направите чекор за Водно да биде спасено, а со тоа и градот заштитен – додаваат од здружението.

Поврзани содржини