Кандидат за амбасадор во Брисел прободен од сопругата откако ѝ признал дека ја изневерува

Случајот бил пријавен во полиција, додека од страна на Игор П. поднсена била кривична пријава за семејно насилство.

11,356

Семејна расправија во домот на Игор П. кандидат за амбасадор на земјава во Брисел, пред четири дена завршила со ранување и пријава за семејно насилство.

Вечер.мк дознава дека откако Игор П. на сопругата Б.П. ѝ соопштил дека ја изневерува и е во врска со друга жена, таа најпрво се онесвестила, а кога се завртел да побара помош, таа го прободела со нож во грбот, а потоа и во раката. Откако успеал да ја совлада била повикана Брза помош при што на Игор му биле констатирани тешки телесни повреди, а случајот бил пријавен во полиција, додека од страна на Игор П. поднсена била кривична пријава за семејно насилство.






Во билтенот на МВР за овој настан стои дека на 20 август во СВР Скопје било пријавено дека на ул. Питу Гули, по семејна расправија, Б.П. со остар предмет го повредила И.П.. Според пријавеното, претходно И.П. физички ја нападнал Б.П., по што таа му нанела убодна рана.

Поврзани содржини