КАНДАН МУ ГО ВЕТИ СРЦЕТО НА РАКИП Македонскиот репрезентативец наскоро ќе се жени
Ракип е фудбалер на шведскиот клуб Малме и неодамна за првпат беше повикан во репрезентацијата на Македонија.
Фудбалерот Ердал Ракип, кој од неодамна е член на македонската фудбалска репрезентација, ја побара за жена својата девојка Кандан на највисоката зграда во Скандинавија.
Тој објави фотографија со свршеничкиот прстен од зградата Туринг Торсо висока 190 метри.
Тие беа подолго време во љубовна врска пред да се решат за брак. Ракип е фудбалер на шведскиот клуб Малме и неодамна за првпат беше повикан во репрезентацијата на Македонија.
Тој е со потекло од Ресен и беше во конкуренција за настапите на репрезентацијата против Лихтенштајн и Германија.