„КАНЦЕР-МАФИЈАТА Е ЗАШТИТЕНА ОД ОВАА ВЛАСТ“ Криминалот на Онкологија не е запрен, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Власта си поигрува со човечки животи, а една веледрогерија блиска до власта печали – обвинува најголемата опозициска партија.

90

„Канцер-мафијата е заштитена од оваа власт, два месеци откако се обелодени случајот нема одговорност за никого. Јавното обвинителство со непостапувањето и незаинтересираноста со која пристапува кон случајот овозможува канцер-мафијата да продолжи со нерегуларностите“ – обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму порачуваат „според документите кои пристигнаа до нас има сериозни индиции дека криминалот на Онкологија не запрел. Власта си поигрува со човечки животи, а една веледрогерија блиска до власта печали“.






„Според Извештајот за работата на Онкологија, набавките кои се вршени се менувани без согласност од Клиниката. Во Извештајот е нотирано – Нарачките се подготвуваат секој понеделник врз основа на тековна залиха, се одобруваат со потпис од директорите, но не постои писмен допис кој ги одобрува измените на лековите и количините за нарачка. Имено иако се менувани нарачки без писмена согласност, никој од Клиниката, ниту од Министерството за здравство не презел мерки против омилената веледеогерија на власта“ – се вели во партиското соопштение.

Партијата тврди дека „сето ова немаше да се случи, ако власта го користеше КАТО-системот кој во целост ја елеминира можноста за злоупотреби на терапиите за болните од рак“.

Поврзани содржини