Канал 5 демантира: Позитивен на ковид-19 е епископот крушевачки Давид, а не отец Давид од ПОА

На епископот на непризнаената ПОА, Давид, му посакуваме добро здравје уште долги години, наведува Канал 5 во исправката.

945

Позитивен на ковид-19 е епископот на СПЦ, крушевачки Давид, а не отец Давид од црквата на Вранишковски, како што објави Канал 5 вестите во 15 часот, објави Канал 5 во исправката.

„На отецот Давид од непризнаената ПОА му се извинуваме за непријатноста за оваа ненамерна грешка, предизвикана поради поклопувањето на имињата на двајцата епископи. Дека станува збор за ненамерна грешка, покажува информацијата објавена на сајтот во 14.31 часот, во која точно е потенцирано за кој Давид се работи. На епископот на непризнаената ПОА, Давид, му посакуваме добро здравје уште долги години. Епископот Давид Крушевачки е позитивен на ковид -19 откако служеше на погребната служба на погребот на српскиот патријарх Иринеј. Радио телевизијата на Србија објави дека Давид, нема пневмонија, но е хоспитализиран поради кашлица во болницата ‘Д-р Драгиша Мишовиќ‘“, наведено е во исправката.

Поврзани содржини