Канадските спортисти нема да учествуваат на Олимпијадата, ако таа не се одложи
Во случај Игрите да се одржат годинава, ова ќе биде трета Олимпијада без канадски спортисти. Канада не учествуваше во Атина (Грција) 1896 и во Москва (Русија, тогашен СССР) 1980 година.
Канадскиот олимписки комитет (КОК) и канадскиот параолимписки комитет (ККП) дадоа изјава во врска со Олимписките игри во 2020 година во Токио, Јапонија. Тие бараат негово одложување поради пандемијата на коронавирус.
– КОК и ККП повикуваат на одложување на Игрите за една година и ние нудиме целосна поддршка да помогнеме во сите тешкотии што се појавуваат при трансферот. Нема ништо поважно од здравјето и безбедноста на нашите спортисти и меѓународната заедница. Не станува збор само за здравјето на спортистите, туку и за јавното здравје.
Ја донесовме тешката одлука да не ги испраќаме канадските екипи на Олимписките и Параолимписките игри во летото 2020 година. Ние сме во епицентарот на глобалната здравствена криза, што е многу поважно од спортот, се вели во соопштението на Олимпискиот и Параолимпискиот комитет на Канада.
Во случај Игрите да се одржат годинава, ова ќе биде трета Олимпијада без канадски спортисти. Канада не учествуваше во Атина (Грција) 1896 и во Москва (Русија, тогашен СССР) 1980 година.