Канадскиот премиер избегна директно да го критикува Трамп

Сите со запрепастеност и ужас гледаме што се случува во САД. Време е луѓето да се обединат - одговори Трудо.

404

Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска избегна директно да го критикува американскиот претседател Доналд Трамп за неговата реакција на протестите во САД.

Тој рече дека Канаѓаните се „запрепастени и со ужас“ гледаат што се случува во Америка.






На прашањето да ја коментира наредбата на американскиот претседател за употреба на воена сила и солзавец против демонстрантите за да одржи фотосесија со медиумите, Трудо, кој инаку е познат по брзите одговори, молчеше 21 секунда, јавуваат светските агенции.

По долгата пауза, канадскиот премиер одговори со избегнување на директно споменување на Трамп.

– Сите со запрепастеност и ужас гледаме што се случува во САД. Време е луѓето да се обединат – одговори Трудо.

– Јасно е дека Трудо не очекуваше вакво прашање. Мислам дека размислуваше дали воопшто да одговори, но неговиот одговор всушност беше критика на Трамп без да го спомне Трамп – изјави Нелсон Вајсман, професор по политички науки на Универзитетот во Торонто.

Поврзани содржини