КАНАДСКИОТ АМБАСАДОР ВО СКОПЈЕ Иселениците се мост за унапредување на нашите односи

313
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска се сретнал со вонредниот и ополномоштен амбасадор на Канада за С Македонија Џајлс Норман со седиште во Белград, заедно со придружна делегација.
На средбата било потенцирано значењето на македонската иселеничка заедница во Канада, која претставува мост за унапредување на врските меѓу двете држави и биле презентирани резултати од реализирани акции на МВР во повеќе значајни сфери и тоа во делот на борбата против организираниот криминал и корупција, борбата со миграција,борбата против тероризмот и сајбер криминалот.
На средбата од страна на амбасадорот Норман биле потврдени заложбите и поддршката од негова страна во сферите од интерес за министерството но и за Македонија.
Поврзани содржини