📽 КАНАДА ИСПРАЌА ВОЈСКА ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПОЖАРИТЕ Во Британска Колумбија прогласена вонредна состојба
Досега во шумските пожари во Канада изгореа околу 140 илјади квадратни километри шума, а чадот се протега сѐ до источниот брег на САД.
Шумските пожари опасно брзо се шират во делови од Канада, особено во Британска Колумбија. Премиерот Џастин Трудо синоќа изјави дека Канада испраќа војска за справување со пожарите во западната провинција каде веќе се евакуирани над 35.000 луѓе.
Британска Колумбија прогласи вонредна состојба и ги забрани патувања што не се неопходни за да се ослободи сместувањето за евакуираните и пожарникарите.
Во некои градови во Британска Колумбија, индексот на квалитетот на воздухот (AQI), кој ги мери главните загадувачи вклучувајќи ги и честичките од пожарите, беше над 350, што е „опасно“ ниво, според IQAir, информативна платформа за квалитетот на воздухот во реално време.
На полноќ, Салмон Арм го имаше најлошиот индекс на квалитетот на воздухот во земјата, со AQI отчитување од 470. Владините претставници предвидуваат дека, поради сушата, сезоната на пожари може да се прошири до есен.
Досега во шумските пожари во Канада изгореа околу 140 илјади квадратни километри шума, а чадот се протега сѐ до источниот брег на САД.