Канаѓанка им давала на колегите војници колачиња со канабис

Војниците не знаеле што јадат и освен еден, другите почувствувале различни симптоми – дехидрираност, топлина, слабост, конфузија, сува уста и параноја.

329

Припадничката на канадската армија Челси Когсвел ќе биде изведена пред воен суд под обвинение дека за време на воена вежба на војниците од нејзината единица им давала колачиња со канабис без нивна согласност.

Таа се соочува со 18 точки од обвинението – подготовка на колачиња, давање на штетни материи и несоодветно однесување. Когсвел се соочува со затворска казна до две години.






Судењето против неа ќе почне на 3 август.

Когсвел е во армијата од 2011 година, а за време на неколкунеделната „Заеднички вежби на артилеријата“ во воената база и Гаџетаун во јули 2018 година работела во кантината.

Војниците не знаеле што јадат и освен еден, другите почувствувале различни симптоми – дехидрираност, топлина, слабост, конфузија, сува уста и параноја. Неколку војници не можеле безбедно да ја извршат вежбата каде се користеле оружје и експлозив, била побарана медицинска помош, а исто така била повикана и воена полиција.

Во Канада е легализирана употребата на марихуана за рекреативни цели. Војниците можат да користат канабис, но потоа 24 часа не смеат да користат оружје и осум часа не смеат да возат.

Поврзани содржини