КАНЈЕ ВЕСТ ВЉУБЕН ВО 20 ГОДИНИ ПОМЛАДА Еве која е новата девојка на раперот (ФОТО)
Џулијана е 24-годишна манекенка која на Инстаграм ја следат половина милион луѓе, а еден од нив е и Канје Вест. Родена е во Рио де Жанеиро и живее во Лос Анџелес.
Раперот Канје Вест беше фотографиран со неговата нова девојка, бразилската манекенка Џулијана Налу.
View this post on Instagram
Папараците ги снимиле додека излегувале од кино во Холивуд каде го гледале филмот „Триаголник на тагата“ на шведскиот режисер Рубен Остлунд.
Ова не е нивно прво заедничко излегување, пишуваат странските медиуми. Тие неодамна беа видени заедно, паа заедно и се сместија во хотел во Беверли Хилс. Неколку дена подоцна, заедно вечераа во ресторан во Санта Моника. Не е познато кога парот се запознал и колку долго се во врска.
View this post on Instagram
Која е Џулијана Налу? Џулијана е 24-годишна манекенка која на Инстаграм ја следат половина милион луѓе, а еден од нив е и Канје Вест. Родена е во Рио де Жанеиро и живее во Лос Анџелес.
View this post on Instagram
Работела со неколку модни агенции, меѓу кои „Mix Models“, „MGM Models“ и „Elite Model Management“.
Убавицата потпишала договор со „Елит“ откако се преселила во Лос Анџелес на 19-годишна возраст. На 18-годишна возраст таа била дел од кампањата на Л’Oреал Бразил Париз.
ФОТО: Инстаграм