📷 КАНЈЕ ВЕСТ ШОКИРА СО НОВИОТ ПОТЕГ Ги соблекол патиките, обожавателите се згрозени
Раперот и дизајнер Кајне Вест во моментов е во Дубаи на одмор, а судејќи по новите снимки со него е и Бјанка Ценсори.
Раперот и дизајнер Кајне Вест во моментов е во Дубаи на одмор, а судејќи по новите снимки со него е и Бјанка Ценсори. Иако се појавиле шпекулации дека „парот е на пауза“, се чини дека сепак добро се забавувале.
Имено, парот излегол во познатиот ресторан „Нобу“, каде раперот се сретнал и со готвачот Нобу Мацухиса. Според снимките објавени од обожавателите, Бјанка ја снимала нивната бизарна интеракција.
View this post on Instagram
Канје одлучил да му ги подари своите „Јези“ патики на популарниот готвач и основачот на луксузниот ланец на ресторани. Да потсетиме, станува збор за вид на обувки кои наликуваат на чорапи, а Вест честопати ги носи. Така, раперот се соблекол и чорапа-патиките ги препуштил на готвачот, па останал босоног да стои во ресторанот.
На темата се огласил и самиот готвач.
„Беше босоног затоа што ми даде пар патики со сопствен дизајн кои тој ги носеше“, напишал Нобу на Инстаграм во описот на нивната заедничка фотографија и патиките.
View this post on Instagram
Иако за обожавателите на раперот ова било добар потег, имало и такви кои биле згрозени од целиот гест.
„Одвратно. Патиките кои тој ги носел? Не, благодарам“, напишала извесна корисничка.
„Можете ли да замислите некој друг само така да ви ги подари сопствените патики?“, коментирал друг корисник.
„Не знам кога последен пат видов некој како оди во патики без чорапи“, пишувале други.