КАНЈЕ ВЕСТ СЕ ВРАТИ НА ТВИТЕР Сега се јави со објава на хебрејски

Раперот продолжува во контроверзниот стил, па на обожавателите им се обрати со хебрејски поздрав.

496

Музичарот Канје Вест (44), познат и како Је, се врати на Твитер откако неговиот профил беше суспендиран поради антисемитски коментари. Раперот продолжува во контроверзниот стил, па на обожавателите им се обрати со хебрејски поздрав.

„Тестирање, тестирање. Проверувам дали мојот Твитер е одблокиран“, беше првиот „тест“ твит на Канје.






„Шалом“, напиша накратко Канје во следниот твит и додаде емотикон „смајли“, што не им се допадна на сите.

Канје веќе имаше враќање на Твитер на почетокот на месецот кога објави фотографија од НБА кошаркарот Кајри Ирвинг.

Кошаркарот ден претходно призна дека тоа што на своите социјални мрежи промовирал филм со антисемитска содржина имал многу негативно влијание врз еврејската заедница. Потоа вети дека ќе донира 500.000 долари на организации кои сакаат да ја искоренат омразата и нетрпеливоста.

Да потсетиме, твитер-профилот на Вест беше вратен откако Илон Маск стана сопственик на платформата. Пристапот до Твитер му беше забранет откако на својот профил напиша дека ќе „тргне во напад на Евреите“.

„Вечерва сум малку сонлив, но кога ќе се разбудам, одам во напад на Евреите. Смешно е што всушност не можам да бидам антисемитист затоа што и црнците се Евреи. Вие си поигравте со мене и се обидувате да го уценувате секој кој се спротивставува на вашата агенда“, напиша тој.

Канје драстично го намали своето богатство со контроверзните антисемитски изјави и повеќе не е во категоријата милијардери. Според најновиот извештај на „Форбс“, нето вредноста на Канје Вест е околу 400 милиони долари. Ова е прилично пад ако се земе предвид дека до неодамна неговото нето богатство изнесуваше 1,5 милијарди долари.

До пад на богатството дојде затоа што многу од брендовите со кои тој работеше ја откажаа својата соработка. Брендовите „Адидас“, „Гап“ и „Баленсијага“ ја откажаа деловната соработка со Вест. Покрај антисемитските коментари на социјалните мрежи, Канје носеше и промовираше маици со контроверзниот слоган „Белите животи се важни“, кој се поврзува со Кју Клукс Кланот.

 

Поврзани содржини